Пад на цената на нафтата / Фото: Архива на Слободен печат

Драстичен скок на цената на нафтата по обновените тензии меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот брент за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, брент се тргуваше под 70 долари.

Скокот на цените следуваше по зголемените тензии во Ормускиот Теснец, каде што американската морнарица вчера заплени ирански брод. Бродот бил на пат кон иранското пристаниште Бандар Абас кога бил пресретнат, соопшти Централната команда на САД (Центком).

Не е потрошен ниту литар од нафтените резерви, состојбата со горивата е стабилна – вели Мицкоски

Инцидентот означува дополнително влошување на односите меѓу Вашингтон и Техеран, само неколку дена пред истекот на договорот за привремен прекин на огнот. Американската страна денеска треба да отпатува за Исламабад на втора рунда разговори со Иран, но Техеран сè уште не го потврдил своето учество. Според иранската државна новинска агенција ИРНА, Техеран одбива одржување на втор состанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот