Фото: скриншот

Можни сценарија за „финален удар“ врз Иран

Според овие планови, целите би можеле да бидат преостанатите воени капацитети на Иран, политичкото и военото раководство, како и клучната инфраструктура.

Адмирал Бред Купер, му ги претставил на американскиот претседател Доналд Трамп можните сценарија за потенцијален „финален удар“ врз Иран, јавуваат американските медиуми. На брифингот одржан во Ситуациската соба на Белата куќа, беа разгледани опции, вклучително и „краток, но моќен бран напади“, доколку претседателот одлучи да ги продолжи воените операции.

Според овие планови, целите би можеле да бидат преостанатите воени капацитети на Иран, политичкото и военото раководство, како и клучната инфраструктура. Во исто време, Пентагон разгледува дополнително распоредување на модерно оружје во регионот, вклучувајќи ја и новата хиперсонична ракета „Темен орел“, која има дострел од околу 2.700 километри и може да погоди далечни цели, како што се преостанатите системи за лансирање на балистички ракети.

Присуството на американските бомбардери Б-1Б Лансер, кои можат да носат голема количина оружје, вклучително и хиперсонични ракети, веќе се зголемува во регионот, што дополнително ја зголемува борбената готовност на Соединетите Американски Држави.

Овие размислувања доаѓаат по ескалацијата на конфликтот што започна на 28 февруари, кога Соединетите Американски Држави и Израел започнаа напади врз Иран. Техеран возврати со напад врз американските сојузници во Персискиот Залив и затворање на Ормускиот теснец.

Прекин на огнот беше воспоставен на 8 април со посредство на Пакистан, но преговорите што се одржаа во Исламабад кон средината на април не доведоа до договор. После тоа, Трамп, на барање на Пакистан, еднострано го продолжи прекинот на огнот на неодредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот