Известување за возачите: пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране, Вардар се излеа кај Форино
Кај селото Станча, патот кон селото Герман е целосно блокиран и непрооден поради паднато дрво.
Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино, од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат П2-233 на правецот Гостивар – Чегране. Сообраќајот се пренасочува преку селото Старо Чајле кон Форино.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кај селото Станча, патот кон селото Герман е целосно блокиран и непрооден поради паднато дрво, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот билтен за состојбата на патиштата до 6:30 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а слаб снег се бележи на потегот Крива Паланка – граничниот премин „Деве Баир“, кај граничниот премин „Делчево“, на Страцин и на Пониква. Во моментов овие временски услови не создаваат пречки за нормално одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските подрачја е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Посебно се посочуваат правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно потсетуваат дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.


