Известување за возачите: пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране, Вардар се излеа кај Форино
Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино, од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат П2-233 на правецот Гостивар – Чегране. Сообраќајот се пренасочува преку селото Старо Чајле кон Форино. Кај селото Станча, патот кон селото Герман е целосно блокиран и непрооден поради паднато дрво, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) …

