Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244.000 денари./ Фото: Архива на Слободен печат

Гостиварци краделе добиток од штала

Гостиварската полиција во изминатите неколку дена расчисти осум кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од Добридол, и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино.

Како што информираат од МВР, првите тројца пријавени од селото Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокос и го продале на други лица, а двајцата жители на село Форино во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244.000 денари.

Полициски службеници повикани на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот