Полициски службеници повикани на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Полициски службеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постапка, која е во тек, потврдија за МИА од Обвинителството.

Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителство и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.

Претходно дел од медиумите објавија дека се спроведуваат апсења за високи високи полициски службеници од тимот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот