Изедначете го тенот и намалете го црвенилото: Маска од само две состојки која прави чуда за кожата!

Направете сами целосно природна маска за лице која веднаш ќе ја смири вашата кожа…

Ако тенот ви е неизедначен и имате проблем со црвенило на кожата, оваа маска е како создадена за вас. Најдоброто нешто е што таа е целосно природна и нема да ви бидат потребни многу пари за неа.

Се што ви треба е една крушка и половина лимон. Оваа маска ќе ви ја врати свежината на лицето и ќе ги смири иритираните подрачја.

Потребно е да ја нанесувате да пати неделно за резултатите да се сигурни.

Поради витамините Е и Б кои помагаат при регенерација на кожата и витаминот Ц и минералот бакар, кои се воедно и силни антиоксиданти, крушката е вистински мелем за кожата бидејќи го забавува нејзиното стареење и длабоко ја хидрира.

Подготовка:

Згмечете ја крушката со вилушка, па преку неа исцедете го лимонот. Добро измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето. Оставете ја маската да делува 15 минути и потоа измијте го лицето со млака вода, а потоа нанесете хидратантна крема.
Веднаш ќе ги забележите резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот