Иванишевиќ смета дека Новак направи една грешка на ЛОИ во Токио

Горан Иванишевиќ е тренер на Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Новак Ѓоковиќ минатата година беше на добар пат да испише нови страници во тениската историја, победи на првите гренд слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон и кога сите очекуваа да триумфира на УС Опен, се случи пад во формата на српскиот тенисер.

Според неговиот тренер, Горан Иванишевиќ, голема улога во неуспехот да се победи на УС Опен (загуби во финалето од Медведев) имаат Летните Олимписки игри во Токио. Хрватот смета дека Новак направи една грешка со настапот на Игрите во Токио.

– Никој не можеше да го спречи Новак да не настапи на ОИ во Токио. Мислам дека не погреши што настапи во Токио, но направи грешка кога одлучи да игра во двојки. Тоа не му беше потребно бидејќи на крајот се умори – изјави Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот