Истражување: Жените кои работат седечки имаат осум години постаро тело
Премногу седење ги оптоварува грбот, тетивата, вратот и рамената и предизвикува сушење на глутеалните мускули на задникот, а лошо влијае и на менталното здравје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ако работите во канцеларија во седечка положба, седејќи поминувате повеќе време од просечен човек на возраст постар од 75 години, вели неодамнешното истражување.
Овој загрижувачки тренд на многу седење и недвижење лошо влијае на целокупното здравје, велат лекарите, и предупредуваат дека премногу седење му штети на организмот исто како и пушењето.
Седењето ни го оптоварува грбот, тетивите на колената, вратот и рамената и предизвикува сушење на глутеалните мускули на задникот, особено ако сме воедно и наведнати над бирото, а лекарите велат дека премногу седење и премалку вежбање помеѓу лесно доведува до воспаление на најголемиот нерв во човечкото тело; ишиатичен нерв.
Тој се протега од ‘рбетот низ колковите и низ задниот дел на нозете, каде што лицето обично чувствува болка кога е вклештен.
„Болката потоа оди и од колковите и може да биде блага, остра, може да се чувствува трнење и пецкање“, велат лекарите и додаваат дека седењето предизвикува и скратување на мускулите на колкот што може да доведе до проблеми со зглобовите.
Исто така, долгорочното седење може да предизвика и проблеми со грбот, особено ако постојано седите во лоша положба или не користите ергономски дизајниран стол, а може да биде и причина за компресија на ‘рбетните дискови, што доведува до негова прерана дегенерација, која е често многу болна.
„Во тој случај, лекар може да ви препише лекови за намалување на болката и воспалението кај артритис и други болни проблеми со колкот, кои се достапни и како креми и како гелови“, пишува „ВебМД“, пренесува британски „Мирор“.
Лекарот може да ви помогне и со препишување на кортикостероиди, лекови против болки и лекови за лекување на автоимуни и воспалителни болести.
Истражувањето на жените кои работат седечки покажало дека седењето повеќе од десет часа дневно доведува до тоа нивното тело да е биолошки постаро за осум години, а германските истражувачи покажаа дека седењето го зголемува ризикот од некои видови на рак – како што се ракот на дебелото црево, слузницата на матката и белите дробови.
Истражувањата го поврзуваа седењето и со голем број други здравствени проблеми. Тоа може да биде одговорно за дебелина, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, вишок телесни масти околу половината и нездраво ниво на холестерол.
Недоволното движење во текот на денот може да влијае и на менталното здравје на човекот, а неодамна објавеното истражување вели дека луѓето кои поминуваат повеќе време седејќи се изложени на поголем ризик од депресија.
Сепак, истражувачите нагласуваат дека, иако е пронајдена поврзаност, не може да се каже дека положбата на телото предизвикува депресија, а на сите што седат многу им се советува да прават чести кратки прошетки во текот на работниот ден.
„Лицата кои работат од дома можат да прошетаат пред, по и во текот на работниот ден, за да имаат чувство на патување до работа, што докажано ни користи и физичка и психичка“, заклучиле лекарите.


