Шиитски муслиман држи свеќа пред фотографијата на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси/ЕПА

Истрагата утврди, лошото време и товарот го урнале хеликоптерот во кој загина иранскиот претседател

Хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси во мај годинава, според тврдењата, била предизвикана од лошите временски услови и неможноста на леталото да го издржи товарот што го превезувал, соопшти денеска иранската полуприватна агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор запознаен со конечните резултати од истрагата.

Во прелиминарниот извештај на иранската војска за смртоносната хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, што беше објавен во мај, се наведува дека досега не се пронајдени докази за човечка грешка или напад врз леталото, пренесуваат британските медиуми.

„Истрагата за падот на хеликоптерот на ајатолахот Раиси е завршена и утврдено е дека се работи за несреќен случај“, изјави извор од безбедносните сили на агенцијата Фарс.

Утврдени се две причини за несреќата: временските услови кои не биле соодветни и несоодветната тежина на товарот што го превезувал леталото, што довело до пад во планината, додаде изворот на агенцијата Фарс.

Истрагата утврдила дека хеликоптерот превезувал двајца патници повеќе од бројот на патници пропишан со безбедносниот протокол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот