Ринго Стар и Пол Макартни / Фото: Profimedia

Историски музички момент — Пол Макартни и Ринго Стар снимија дует за првпат по повеќе од 60 години

Пол Макартни и Ринго Стар, иако соработуваат уште од формирањето на „Битлси“ во 1962 година, дури сега за првпат снимија вистински дует, пишува „Ролинг стоун“.

Песната „Home To Us“ ќе се најде на новиот албум на Макартни, „The Boys Of Dungeon Lane“, а музичарот откри дека токму оваа нумера му изгледала како совршено место двајцата конечно да запеат рамноправно.

„Песната зборува за тоа од каде доаѓаме. Ринго е од Дингл, тежок дел од Ливерпул. Ми раскажуваше дека како млад го ограбувале додека се враќал од работа. И покрај сè, тоа беше наш дом“, изјавил Макартни пред новинарите во студиото „Еби Роуд“.

Тој објаснил дека првично му ја испратил песната на Ринго, кој вратил верзија со неколку додадени линии во рефренот.

„Мислев дека можеби не му се допаѓа песната. Му се јавив, а тој ми рече дека мислел оти сакам да отпее само неколку стихови. Му кажав дека сакам да ја отпее целата песна. Така настана нашиот прв дует“, раскажал Макартни.

Во песната придружни вокали отпеале и Криси Хајнд и Шарлин Спитери.

Новиот албум, продуциран од Ендру Ват, е исполнет со носталгични приказни од животот на Макартни, детството во Ливерпул и спомените за Џон Ленон.

Една од песните, „Days We Left Behind“, зборува за местата покрај реката Мерси каде што Макартни си играл како дете, но и за „тајниот код“ што го делел со Ленон.

„Во песната има многу спомени за Џон. Убаво е повторно да се навратиш на тие моменти“, рекол музичарот.

Макартни открил и дека песната „Salesman Saint“ е инспирирана од неговите родители и нивниот живот за време на Втората светска војна.

„Татко ми беше пожарникар, мајка ми медицинска сестра и бабица. Продолжија понатаму бидејќи мораа, исто како луѓето денес во Украина, Газа и на други места“, изјавил тој.

ФОТО | Откриени 102 необјавени фотографии од „Битлси“: Пронајдени се 19 ролни негативи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот