Фото: HA / Hollywood Archive / Profimedia

ФОТО | Откриени 102 необјавени фотографии од „Битлси“: Пронајдени се 19 ролни негативи

Салата „Нипон Будокан“ вчера соопштила дека е потврдена автентичноста на 102 досега необјавени фотографии снимена во текот на турнејата на британската група „Битлси“ во Јапонија во 1966 година, во пресрет на одбележувањето на 60-годишнината од нивните концерти.

 

Иако идентитетот на фотографот не е познат, експерт кој го прегледал материјалот проценил дека станува збор за вредни фотографии кои никогаш не биле објавени во весници или списанија, наведува јапонската новинска агенција Кјодо.

Црно-белите фотографии ги прикажуваат не само настапите на „Битлси“, туку и детали од нивниот престој во Јапонија, вклучувајќи го и моментот во кој британскиот музичар Џон Ленон се насмевнува на традиционална јапонска кукла Фукусуке, симболот на среќата препознатлива по својата голема глава и карактеристична фризура.


Се верува дека токму оваа кукла подоцна, во намалена форма, била прикажана на насловната страница на албумот „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ од 1967 година.

 

 

 

Како што е наведено, вкупно 19 ролни негативи биле пронајдени во 2009 година на полица во канцеларија, а по повод годишнината од концертот оваа година, истражувачот на „Битлси“, Тору Омура, бил ангажиран да ги анализира.

 


Од салата „Нипон Будокан“ порачале дека „изгледа како игра на судбината“ што фотографиите што ги бележат моментите од престојот на групата во Јапонија биле зачувани во тој објект.

„Битлси“ ги одржале своите единствени концерти во Јапонија од 30 јуни до 2 јули 1966 година, токму во салата „Нипон Будокан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот