ИСПИШАНА ИСТОРИЈА: Истрча маратон за помалку од два часа! (ВИДЕО)
Каков успех, Елиуд Кипчоге обезбеди свое место во историјата на атлетиката откако стана прв човек кој завршил маратон за помалку од два часа.
Препорачано
Кениецот изминатите денови најавуваше доколку биде остварен ваков резултат, ќе го спореди со првото слетување на човекот на Месечината или освојување на Монт Еверест за првпат. Кипчоге успеа во својата намера, маратонот во главниот австриски град Виена го истрча за еден час, 59 минути и 40 секунди.
The moment that @EliudKipchoge made history by becoming the first person to run a sub-two-hour-marathon.
????pic.twitter.com/mo1BIGtxSs#INEOS159— SuperSport ? (@SuperSportTV) October 12, 2019
Овој резултат нема да биде официјално признат од страна на Меѓународната атлетска федерација, бидејќи оваа трка не е од отворен карактер, и од причината дека покрај Кипчоге трчаше група од седум врвни атлетичари, т.н. „пејсмејкери“.
Освен тоа, имаше и посебно возило кое даваше ритам и покажуваше оптимално патување на кое Кипчоге требаше да се држи со цел да го надмине рекордот.
Тој е инаку актуелен светски рекордер во маратонот, а рекордот кој изнесува е два часа, една минута и 39 секунди кој го постави минатата година на маратонот во Берлин (Германија).


