Испечете пиле во лубеница! Вкус кој ќе ве воодушеви, вакво нешто не сте пробале! (ВИДЕО)

Пресечете го дното на лубеницата со цел таа да стои стабилно, а потоа преполовете ја како што е покажано во видеото, односно малку над половината. Потоа со лажица извадете го сочниот црвен дел.

Исчистете го пилето па зачинете со соја и бибер па во внатрешноста на пилето ставете цел лимон кој претходно сте го избоцкале со вилушка и пресекле на половина.

Во внатрешноста ставете лажица соја сос, па со соја сос наполнете половина шолја и премачкајте го пилето од надвор. Со мала лажичка посипете го пилето со мешавина од зачини, ставете го во лубеницата и поклопете го со исечениот дел од лубеницата.

Со стапчиња за ражничи зацврстете го капакот од лубеница, па ставете ја целата во тава за печење.

Ставете ја во рерна на 200 степени и печете 2 часа. По два часа, температурата намалете ја на 150 степени и печете уште 3 часа. Кога ќе биде готово, од лубеницата извадете го пилето и уживајте во неверојатниот вкус.

Погледнете го видеото за попрецизно да го разберете целиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот