Инфектолог предупредува: „Инфицираното лице е заразно речиси две недели, тоа е многу долг период…“

ковид-19
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Инфектологот Драган Делиќ за N1 изјави дека во март се верувало дека еден човек може со коронавирус да зарази две до три лица, а дека денес се смета дека една личност може да зарази дури шест лица.

„Заразеното лице е заразно за околината 11, 12 дена и тоа е доста долг период“, изјави инфектологот Делиќ, пренесува N1.

Српски пулмолог објави снимка од белите дробови на 22-годишно момче заболено со ковид-19

Тој вели дека вирусот особено го загрижил поради стапката на репродукција – колку една личност може да зарази други лица.

„На почетокот две до три, а сега шест. Да кажеме, кај MERS тоа беше само едно лицe, а кај грипот тоа се две лица. Ова е опасен податок кој мора да го респектираме“, оцени Делиќ.

Најнови истражувања: Бројот на антитела рапидно опаѓа по опоравувањето од коронавирусот

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот