Најнови истражувања: Бројот на антитела рапидно опаѓа по опоравувањето од коронавирусот

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Надежите дека светската популација ќе стане имуна на ковид-19 паднаа во вода откако најновите истражувања покажаа дека нивото на антителата забрзано паѓа по мопоравувањето од болеста.

Некои научници го предлагаа таканаречениот „имунитет на статото“, како подобра алтернатива во борбата со коронавирусот од карантинот. Тоа би значело дека 50-60 проценти од популацијата би требало да има антитела, односно заштита од вирусите за вирусот да не би можел веќе да се шири.

Меѓутоа, големо истражување објавено во Велика Британија покажало дека не само што светската популација тешко ќе развие имунитет по некое време, туку и дека бројот на луѓе со антитела паднал за 26 проценти откако попуштиле мерките на карантинот на почетокот на летотот.

Научниците од Империјал колеџ во Лондон надгледувале 365.000 луѓе кои се тестирале меѓу јуни и септември. Резултатите покажале дека во време на попуштањето на мерките шест проценти од луѓето имале антитела, додека со почетокот на новиот бран на вирусот минатиот месец тој број паднал на само 4,4 проценти.

Професорката Хелен Вард, која го водела истражувањето, за Скај њуз рекла дека овие резултати покажуваат дека постигнувањето на „имунитет на стадото“ е невозможно.

Кога ќе помислите дека 95 од 100 луѓе се подложни на зараза, тоа значи дека сме многу многу далеку од можноста популацијата да достигне ниво на заштита која ќе ја спречи трансмисијата на вирусот. Очигледно тоа е стратегија на која веќе не можеме да сметаме.“, рекла професорката.

Овие резултати се и голем минус за научниците кои сугерираа критичните групи да се заштитат и да останат дома, а вирусот да се шири меѓу младите и така да се стекне „имунитет на стадото“.

Падот на антителата што го покажа последното истражување исто така покажува дека и оние кои еднаш биле заразени со ковид-19, пак ќе се заразат. Според ова истражување, антителата својот врв го имаат три до четири недели по симптомите, а после тоа почнуваат да опаѓаат.

Сезонските вируси кои циркулират секоја зима и ги предизвикуваат настинките луѓето можат да ги фатат на секои шест до 12 месеци. Веруваме дека исто е и со ковид-19“, рекла Венди Баркли, експерт за заразни болести.

Досега имало малку случаи на луѓе кои добиле ковид-19 двапати. Надежта на научниците е дека втората инфекција ќе биде поумерена од првата дури и ако имунитетот е намален, поради тоа што телото има имунолошка меморија од првата средба со вирусот и ќе знае како да се бори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот