Индексот на цената на основните прехрамбени производи порасна за 2,4 отсто

Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените не одредени артикли останаа под притисок на пазарот.

По остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус цената на храната во светот се стабилизира и покажува благо покачување соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО).

Индексот на ФАО на цената на кошничката со основни прехранбени производи се зголеми за 2,4 проценти во јуни во однос на претходниот месец, на просечни 93,2 бода.

Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај, достигнувајќи најголемо ниво во повеќе месеци, додека цените на житото и месото останаа под притисок на пазарот, се наведува во извештајот.

Цените на шеќерот се зголемија за 10,6 проценти во однос на мај, благодарение, делумно на извештаите за тесните грла во бразилските пристаништа поврзани со мерките за спречување на ширењето на вирусот, посочи ФАО.

Индексот, кој го покажува движењето на цените на млечните производи се зголеми за четири проценти, но цените на сите нејзини составни елементи останаа под нивото забележано пред ширењето на пандемијата, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот