ИФО: Остар пад на активностите на најголемата економија во Европа

Фото: Архива

Германската економија може да се намали од пет на 20 проценти оваа година, во зависност од времетраењето на блокадата предизвикана од пандемијата.

Како резултат на корона вирусот на Германија и се заканува остар пад на економските активности откако деловната клима во земјата бележи најниско ниво по финансиската криза во 2009 година. Ова се прогнозите на економскиот институт ИФО откако резултатите од истражувањето спроведено за месец март покажале дека индексот на деловната клима во земјата паднал за 10 поени во однос на претходниот месец.

-Ова е најголем пад од германското обединување и најниската вредност од јули 2009 година, изјави претседателот на Ифо, Клименс Фуест.

-Германската економија е во шок, заклучи Фуест, укажувајќи на најголемо влошување на деловните очекувања во историјата на истражувањето.

Моменталната состојба на бизнисот е со полоша оценка.

Германската економија може да се намали од пет на 20 проценти оваа година, во зависност од времетраењето на блокадата предизвикана од пандемијата, рече економистот на Ифо, Клаус Вохлабе.

Тој додаде дека во секој случај очекува сериозна рецесија која ќе трае најмалку два квартала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот