Идрис Елба се повлекува од глумата: „Се чувствувам како измамник…“
Еден од најуспешните актери денес, Идрис Елба, моментално го промовира својот нов краткометражен филм „Прашина до соништата“ (Dust to Dreams). За време на премиерата во Саудиска Арабија, актерот откри дека планира постепено да се повлече од глумата и да се фокусира на режисерската кариера, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
„Се надевам дека моите обожаватели нема да се налутат, но на крајот сакам целосно да се посветам на режија. Глумам долго време и сè уште уживам во тоа, но режијата ми овозможува да ги покажам другите аспекти од својата креативност и да бидам дел од сетот на поинаков начин“, изјави Елба.
Исто така, тој призна дека се чувствува „како измамник“ кога се среќава со политичари, па размислува да се врати на учење за да го зголеми своето знаење во оваа сфера.
„Често се чувствувам како да живеам од инстинкт, а не од знаење. Можеби ќе одам на училиште и ќе студирам хуманистички науки за да можам подобро да се снајдам во филантропските и активистичките проекти со кои се занимавам“, додаде 53-годишниот актер.
И покрај овие најави, Елба сè уште подготвува нови филмови, вклучувајќи го и вториот филм за „Luther“, па неговите обожаватели засега немаат причина за загриженост.
„Секоја година по една недела во карантин“: Идрис Елба предизвика бурни реакции на Твитер!
Познатиот актер се обидел да спречи расправија, па за малку ќе умрел: „Го впери пиштолот во мене“


