„Секоја година по една недела во карантин“: Идрис Елба предизвика бурни реакции на Твитер!

Славниот британски актер, музичар и продуцент Идрис Елба предизвика бурни реакции на Твитер, откако рече дека мисли оти светот би требало да биде во карантин една недела секоја година, за постојано да се сеќава на борбата со коронавирусот.

Актерот преку видеопорака им се обрати на своите фанови, каде зборуваше за моментално најважната тема за целата планета – коронавирусот.

– Јас мислам дека целиот свет секоја година би требало да минува по една година во карантин, само за да се сетиме на овие времиња. Запаметете го тоа – порача актерот во свето обраќање.

Меѓутоа, неговиот предлог не им се допадна на многумина на кои тешко им паѓа овој карантин, па на Твитер се појавија силни критики како одговор на предлогот на Елба.

„ Зарем мислите дека секој може да оддели време и да ја напушти работата и да остане затворен? Не сте дел од реалниот свет. Зарем сметате дека тоа би го сакале луѓето кои живеат во блокови со шест деца. Будало“, гласи само еден од жестоките коментари на Твитер.

За потсетување, актерот на 16 март по тестирањето објави дека е позитивен на Ковид-19, а една недела по него се зарази и неговата сопруга Сабрина Довре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот