Идеален филм за теоретичарите на завери: Снимен во тајност, трејлерот го погледнаа 6 милиони луѓе (ВИДЕО)

Во првите 72 часа трејлерот го погледнале шест милиони луѓе…

Оскаровецот Алекс Гибни речиси во тајност го сними документарецот за панцемијата на коронавирусот. Авторот на филмот „Taxi to the Dark Side“ за злочините на американската војска во Авганистан и останатите кршења на човековите права од страна на администрацијата на Буш, сега ни го претставува провокативниот новитет „Totally Under Control“.

Во новиот филм, режисерското трио Гибни, Офелија Харутјунјан и Сузан Хилинџер даваат детален поглед на тоа како владата на Соединетите Американски Држави реагираше на појавата на коронавирусот за време на првите месеци од пандемијата, односно како всушност не се снајде и ја направи ситуацијата многу покатастрофална отколку што таа можеше да биде.

– 20-ти јануари 2020 година е забележан првиот заболен случај од овој вирус во САД и Јужна Кореја. Девет месеци подоцна, се тврди дека овој необичен вирус предизвикал смрт кај повеќе од 200.000 Американци и нанесе шокантна економска штета, додека во Јужна Кореја не постоеше тежок карантин, а во урбанизираното население од 51 милион изгубени се само 344 животи. Што погрешно е направено?

– Додека претседателските избори се ближат, Американците се повеќе имаат чувство за недостаток на јасно водство, еднемска политичка корупција, а оставени се и да се прашуваат како најздравата и најсилна земја во светот успеа толку многу да промаши во борбата со глобалната пандемија? – се наведува во описот на овој филм.

Трејлер филмот во продукција на „Neon“ го погледнаа повеќе од шест милиони корисници за само 72 часа, што е само доказ колку луѓето очајнички трагаат по одговори.

Најавата пристигна во моментот кога претседателот на САД, Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп и неколку вработени во Белата куќа објавија дека се позитивни на коронавирусот.

Останува да се види колку објективен ќе биде овој филм, а колку всушност е сниман со изборите на ум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот