И по Џенифер, Џенифер: Бен Афлек во друштво на поранешната сопруга, овој пат насмеан и среќен
Бен Афлек после долго време е забележан од папараците, видно расположен во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Иако јавноста е навикната да го гледа актерот мрзелив и нерасположен, овој пат ги изненади сите свои обожаватели.
Покрај Гарнер, тој уживал и во друштво и на нивните три сина, Вајолет (18), Серафина (15) и Семјуел (12).
По повод Денот на благодарноста, тие заедно се вклучија во хуманитарна акција и волонтираа во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници. Бен и Џенифер, познати по пријателските односи и по разводот, се снимени како разговараат со насмевки и вредно им помагаат на оние на кои им е потребна помош. Позираа и заедно, носејќи исти престилки.
Инаку, Бен иако често изгледа намуртен, со години учествува во вакви хуманитарни акции.
View this post on Instagram
„Моќна работа е да се поврзете со луѓе. Добивам многу од тоа што им давам само малку време на оние на кои им треба. Лесно е да ги подигнете рацете и да кажете дека не можете да направите ништо. Но, има луѓе кои сакаат да го подобрат својот живот, кои се борат и на кои им е потребна помош“, изјавил актерот за „People“.
Потсетуваме, Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и после тоа останаа во одлични односи поради децата и често беа видени во јавноста заедно. Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер моментално е во врска со претприемачот Џон Милер.