И Холандија ги отвора вратите за навивачите на ЕП, 12.000 фанови на трибините на „Јохан Кројф“ Арената

epa06692688 The presentation of the new name and logo of the Amsterdam ArenA stadium, now called Johan Cruijff Arena, in Amsterdam, The Netherlands, 25 April 2018. The largest stadion in The Netherlands is renamed to honor the late soccer legend Johan Cruyff. EPA-EFE/Koen van Weel

Влез на „Јохан Кроијф“ Арената ќе биде дозволен само со негативен тест на коронавирус.

По вчерашната одлука на романските власти да дозволат ограничен број на навивачи на Националниот стадион во Букурешт, денеска и Холандија дозволи да има навивачи на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам за време на натпреварите на Европското првенство.

Македонските навивачи во Букурешт ќе смеат да престојуваат само 48 часа

Ова значи дека избраниците на селекторот Игор Ангеловски и во третото коло од групната фаза ќе играат пред навивачи, а засега од организацискиот одбор дозволија на „Јохан Кројф“ Арената да може да присуствуваат 12.000 гледачи.

За да присуствува на натпреварите кои ќе се играат во Амстердам, секој навивач ќе мора да има негативен  тест на коронавирус.
– Одлична е веста дека ЕВРО 2020 ќе се игра пред публика. Со нетрпение очекувааме да примиме 12.000 фанови во Амстердам, но свесни сме дека вирусот е премногу непредвидлив и не постојат гаранции. о ние сме оптимисти дека до јуни состојбата ќе се стабилизира и дека ќе можеме да имаме уште повеќе гледачи – изјави вели Гијс де Јонг, директорот на турнирот во Амстердам за Евро 2021.

Организаторот не ја исклучува можноста да се зголеми бројката на навивачи на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите, но тоа ќе зависи од епидемиолошката слика како во Холандија така и низ останатите земји во Европа.
Холандија и Македонија треба да играат на 21. Јуни во Амстердам, а претходно избраниците на селекторот Ангеловски ќе играат во Букурешт и тоа против Австрија (13. јуни) и Украина (17. јуни).

Кога Пандев зборува за фудбалот сите треба да замолчат и да ги слушаат неговите зборови!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот