Кога Пандев зборува за фудбалот сите треба да замолчат и да ги слушаат неговите зборови!

Пандев и селекторот Ангеловски/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

После победата во финалето од плеј-офот против Грузија, македонската А репрезентација за првпат обезбеди настап на Европско првенство каде годинава ќе играат редоследно против Австрија, Украина и Холандија.

Беше тоа вистински „бум“, а потоа следуваше уште една „детонација“ среде Дуизбург, каде нашата селекција ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар и ја забележа втората победа (после Лихтенштајн) во групата „Ј“, со гол разлика од 9:4. Единствениот пораз беше на стартот од Романија 3:2.

Повеќе од пет години Македонија е предводена од стратег без меѓународно искуство, Игор Ангеловски (44), кој на клупско ниво беше на клупата на Работнички.

– Првиот ден како тренер започна кога отидов во Џенова да разговарам со Горан Пандев, кој престана да го носи дресот на репрезентацијата поради ситуацијата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Отидов да се обидам да го убедам да се врати. Ја прифати мојата покана, но тој премногу ја сака Македонија што не ми требаше многу време да го убедам него. Оттогаш, сè стана нова убава историја. Драго ми е што имав можност да работам со таков човек и спортист. Секогаш повторувам една од моите реченици, па затоа ќе ја споделам со вашите читатели: Кога Горан Пандев зборува за фудбалот, сите други треба да замолчат и да ги слушаат неговите зборови! – се сеќава Ангеловски за својот почеток.

Предводникот на „рисовите“ доби и прашање колку во Македонија функционерите во во Федерацијата се обидуваат да влијаат на составот на националниот тим и атмосферата во тимот, еве што одговори:

– Секогаш потсетувам дека ја работам мојата работа, а фудбалските службеници ја прават својата. Јас сум одговорен пред ФФМ за сè што се случува во А репрезентацијата. Други луѓе се одговорни за состојбата на работите во федерацијата. Тоа е мојот одговор. Само размислувам за фудбалот. Кога се подготвувам за натпревар, се фокусирам на играчите и намерата да го извлечам најдоброто од сите во тие 90 минути. Сè што треба да се состави, и кога сите околности ќе се совпаднат, тогаш доаѓа резултатот и на крајот успехот, каков што е нашиот пласман на ЕП – вели Ангеловски во интервјуто за „danas.rs“.

Македонија напредуваше за три позиции на ФИФА ранг листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот