Македонија напредуваше за три позиции на ФИФА ранг листата

Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2024/фото: ФФМ

Минатиот месец нашата најдобра репрезентација стартуваше со две победи и еден пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Во првиот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски загубија со 3:2 во Букурешт од Романија, иако бевме блиску до освојување на бод, а потоа следуваа убедливиот домашен триумф над Лихтенштајн (5:0) и сензационалната победа во Дуизбург над Германија (1:2).

Благодарение на тие две победи Македонија денеска бележи напредок од три позиции на ФИФА ранг листата.

Моментно „рисовите“ се на 62 место со 1374 поени, веднаш пред Словенија, а зад ДР Конго.

Нашите ривали на Европското првенство, Австрија е на 23 место, една позиција подолу е Украина, додека Холандија е на 16 место.

ФИФА ранг листа
Топ 10 –

1.Белгија 1783 поени
2.Франција 1757
3.Бразил 1742
4.Англија 1686
5.Португалија 1666
6.Шпанија 1648
7.Италија 1642
8.Аргентина 1641
9.Уругвај 1639
10.Данска 1631

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот