И Андреску нема да ја брани титулата на „УС Опен“

twitter.com/Tennis_Matrix

Ланската шампионка на грен слем турнирот во САД одлучи годинава да не учествува поради ситуацијата со Ковид-19.

Бјанка Андреску после многу разговори со своите најблиски, донесе тешка одлука да не се врати во Њујорк оваа година.

На овој чекор се одлучив со цел да се фокусирам на физичката подготовка и да бидам сигурна дека ќе играм на највиско ниво. Минатогодишната победа е секако највисока точка од мојата кариера и ќе ми недостасува да бидам таму.

Но, сфатив дека многу непознати предизвици, помеѓу останатите и пандемијата на коронавирус, ја загрозија мојата способност да се подготвам и натпреварувам адекватно – напиша Канаѓанката Андреску на Твитер.

И во машка конкуренција претходно Шпанецот Рафаел Надал одлучи да не ја брани титулата на „УС Опен“.

Официјално: Ѓоковиќ ќе игра на „УС Опен“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот