Официјално: Ѓоковиќ ќе игра на „УС Опен“!

фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот ќе игра годинава на грен слем турнирот во САД. Новак Ѓоковиќ ја информираше јавноста дека ќе учествува и на Синсинати мастерсот

Поради пандемијата на коронавирус не беше познато дали српскиот ас ќе игра или не на еден од најголемите светски тениски настани.

Ноле прво ќе настапи на познатиот Мастерс кој оваа година поради ситуацијата со Ковид-19 ја промени локацијата, а потоа на „УС Опен“ ќе се обиде да ја освои четвртата, а севкупно 18 грен слем титула во кариерата.

Не ми беше лесно да ја донесам одлуката, особено земајќи ги во предвид сите пречки и предизвици, но се радувам што ќе можам повторно да се натпреварувам на тенискиот терен – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Синсинати мастерсот ќе се игра на комплексот „Флешинг Медоуз“ од 22 до 28 август, додека на 31 август ќе стартува УС Опен. Двата турнири ќе бидат одржани без присуство на публика.

Надал нема да ја брани титулата на „УС Опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот