Хрватските путер, сирење, кајмак и млеко се продаваат поскапо во споредба со ЕУ

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Во септември во однос на август годинава во Хрватска е намалено производството на кравјо сирење за 12,6 отсто, кајмак за 14 отсто, млеко за пиење за 10,8 отсто и путер за 8,1 отсто… Споредено со девет месеци лани, помалку е кравјо сирење за 3 отсто, кајмак за 5,5 отсто, млеко за пиење 13,6 отсто и путер дури 34,5 отсто.

Просечната откупна цена на млекото на ниво на ЕУ во септември изнесува 43,45 евра за 100 килограми и во однос на цените една година претходно е пониска за 20,3 отсто. Цената на млекото за октомври годинава во ЕУ е 43,47 евра, а во Хрватска е за речиси 11 отсто повисока.

Токму тоа е причината за повисоката малопродажна цена на млекото во Хрватска во однос на просекот во ЕУ. Но, не само млекото: поскапи се и другите млечни производи. Килограм првокласен путер во Хрватска во октомври чини 6,82 евра, што е за 43,4 отсто повеќе од просечната цена во Европската унија.

Сирењето Гауда во Хрватска чини 4,62 отсто (12 отсто повеќе отколку во ЕУ), а сирењето Едам чини 4,53 евра за килограм (9,4 отсто повеќе), пренесува Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот