Хрватската старлета се лекува во психијатриска болница, се огласи самата Ава Карабатиќ

Ава Карабатиќ /Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватската старлета и ријалити учесничка Ава Карабатиќ ги коментираше гласините дека во моментот се лекува во психијатриска болница поради зависност од алкохол.

Српските медиуми објавија дека Ава Карабатиќ се лекува во психијатриска болница во Хрватска поради зависност од алкохол.

„Ава има сериозен проблем, тоа трае многу долго, веќе неколку години. Таа и претходно се лекуваше, но тоа ништо не помогна, бидејќи по излегувањето од болница многу брзо се врати на старите патеки. Нејзините се многу загрижени бидејќи е во лоша состојба. Пред да ја сместат во болница, таа постојано пиеше алкохол, понекогаш се трезнеше со денови. Многу ослабе, единствено по лицето потсетува на старата Ава“, рекол соговорникот на српски „Курир“.


Ава не одговарала на повиците на медиумите од Србија, но одговорила на телефонскиот повик на новинарот на хрватскиот портал „Сцена“ и објаснила што се случува со неа.

„Не сум на лекување од алкохолизам. Дали мислите дека би можела да користам мобилен телефон ако сум на лекување? Се чувствувам најнормално. Единствениот проблем што го имам е со станодавецот. Да бев на психијатрија, немаше да кријам. Не гледам никаков срам во тоа. Во Холивуд, секој втор човек е на лекување од ова или она. Но, да нагласам. Не сум затворена во психијатриска болница“, рекла Ава за „Сцена“.

По продажбата на интимни фотографии, старлетата Ава ќе има свое реално шоу: Главната награда е вечер со мене! (ФОТО)

Хрватската старлета Ава Карабатиќ се најде на сајт за деловна придружба, а од цената за услугата ќе ви се заврти во глава! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот