По продажбата на интимни фотографии, старлетата Ава ќе има свое реално шоу: Главната награда е вечер со мене! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Поранешната водителка Ава Карабатиќ одлучила да направи свој реалити-програм, дознава српски „Блиц“.

Откако неколку пати учествуваше во слични програми, како што е „Сурвајвер“, „Големиот брат“, „Парови“, Ава сега одлучила своето стекнато знање да го претвори во свое реално шоу.

Таа ќе направи прокет кој ќе биде за сите луѓе кои живеат на Балканот. Важно е секој од нив да поседува некаков талент кој ќе може да се истакне.

Фото: Инстаграм

– Уште не е познато дали реалното шоу ќе биде сместено во една просторија која ќе има многу камери, но се подготвува спектакл. Главната награда ќе изнесува 3.500 евра и големо патување кое ќе го добие победникот – изјави добро известен извор за „Блиц“.

Како што се зборува, покрај наградата од 3.500 евра победникот ќе има можност да оди на вечера со и да помине една вечер со Ава Карабатиќ.

Познатата старлета ги потврдила овие информации.

– Точно е, одлучив да направам свое реално шоу. Ќе биде тоа нешто единствено на Балканот, се уште невидено на овие простори. Она што знам дека ќе бидам и водител на овој проект – рекла Ава.

Инаку, Ава во слободно време на социјалните мрежи за возрасни луѓе продава свои интимни фотографии и видеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот