18.8 C
Скопје

Хороскопски знаци кои повеќе сакаат авантура отколку сериозна врска

Едни бараат партнер за цел живот, други скокаат од авантура во авантура. Токму по тоа се одвојуваат овие три знаци кои секогаш ќе одберат љубовна авантура без обврски пред љубовна врска.

1. Близнаци

Неодлучните близнаци не се баш познати по својата верност, тие секогаш се двоумат за одлуките што ги донеле или треба да ги донесат во животот. Токму тоа им го отежнува влегувањето во врска. Затоа почесто преферираат секс без обврски.

2. Стрелец

Независен и слободоумен, Стрелецот тешко да биде скротен од една личност. Во остварувањето на љубовна врска ги кочи нивната тврдоглавост поради која тешко прифаќаат компромис. Но, кога ќе се појави вистинскиот, сето наведено паѓа во вода.

3. Водолија

Личностите родени во овој знак обожуваат флерт и тешко го менуваат лежерниот животен стил за сериозна врска. Дури и кога се во врска, не престануваат да кокетираат со други, што лесно може да ги налути нивните партнери. Но, оженетата Водолија е лојална на семејството, особено ако е со жена која го разбира. Кога станува збор за жена Водолија, ако го изневери сопругот таа знае тоа и да го признае.

Поврзани вести

Дневен хороскоп за 22 јуни: Сфатете дека радоста е во малите нешта

Слободен Печат

Прием во лудница

Слободен печат

На денешен ден – 22 јуни

Слободен Печат

ВИДЕО | Познатиот југословенски киоск К67 беше поставен на Тајмс сквер во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

„Порака во шише го преминала Атлантикот“: По неколку години се создало неочекувано прекуокеанско пријателство

Слободен Печат

Остави Коментар