Хорхе Мартин ја има пол-позиција пред трката за Големата награда на Валенсија

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин доминираше во квалификациите во Остин/фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Хорхе Мартин од „Прамак Дукати“ ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Валенсија, Шпанија, во МотоГП категоријата на Светскиот шампионат во мотоциклизам.

Претендентите за титулата Фабио Квартараро и Франческо Бањаја беа под голем притисок. Французинот го освои четвртото, а Италијанецот осмото место.

Марк Маркез ќе стартува од втората позиција, Џек Милер ќе биде трет, а Фабио Квартараро ќе биде четврти.

Во вториот стартен ред им се придружуваат Алекс Ринс и Маверик Вињалес, додека во третиот се Бред Бајндер, Пеко Бањаја и Жоан Зарко.

Ова е последна трка сезонава во најсилната класа, во генералниот пласман кај возачите води Бањаја со 258 бодови, пред Квартараро кој има 235, третопласиран е Алеиш Еспаргаро со 212, само еден повеќе од Енеа Бастијанини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот