Хасану го освои второто место на меѓународниот пинг понг турнир во Хрватска

Во финалето Хасану во Опатија загуби од српска натпреварувачка

Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона репрезентативците од младинските категории учествуваат на меѓународни тренинг кампови и турнири.

На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорската репрезентативка Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетската репрезентативка Софија Хасану од Крушево. Во конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Словачка, Србија и Македонија, пријатна вест е дека Хасану го освои второто место.

Во финалето Хасану загуби од натпреварувачка од Србија со 3:2 иако имала водство од 2:0. Колку Хасану била блиску до освојувањето на првото место зборува и фактот дека против истата натпреварувачка во групната фаза на натпреварите извојувала победа од 3:2.

Стојановска и Хасану дополнително ќе учествуваат на подготовки заедно со хрватската јуниорска и сениорска репрезентација на Хрватса и репрезентативниот состав на една од германските покраини.

Секулов второпласиран на меѓународниот турнир во Ардино, Бугарија

Добри вести доаѓаат и од Бугарија каде што на меѓународниот турнир во Ардино учествуваа поголемиот дел од репрезентативците во јуниорска и кадетска конкуренција. Борис Секулов од ППК Астраион Струмица го освои второто место. Машката кадетска репрезентација екипно исто така го освои второто место. Солиден настап имаа и нашите репрезентативки од младинските категории.

Колку пинг понгот станува сè попопуларен меѓу младите зборува фактот дека и дел од младите играчи кои претендираат на место во репрезентацијата, земаат учество на подготвителни тренинг кампови. Поголем број на играчи учествуваа на тренинг камп во Власина во Србија, а исто така дел од нив планираат да учествуваат на кампот во Крупањ во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот