Харис Џиновиќ проговори за новата девојка: Сите зборуваат за 15 години помладата, се огласи и пејачот

Харис и Мелина Џиновиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/„Хамел“

Босанскиот пејач Харис Џиновиќ (72) неодамна службено се раздели од сопругата Мелина Џиновиќ (43), а како што пишуваат српските медиуми – сега ужива во нова романса.

Во српските медиуми одекна веста дека пејачот Харис по разводот со Мелина си нашол нова љубов.

Како што напишаа, станува збор за 15 години помлада, успешна деловна жена.

По бомбастичната вест, Харис вчера се огласи по тој повод.

– Од каде тие знаат дали сум нашол 15 години помлада, или сто години помлада… Прво, не сум со девојка, би сакал да сум, но не сум, според тоа… Но, ќе бидам – ​​рекол Харис за „Уна“, па додал:

– Тоа повеќе не е штета, штета е кога си во брак. Мислам дека во животот треба да бидеш коректен, да бидеш чесен и сè ќе биде во ред. Немам девојка, би сакал, но немам.

Мелина и Харис Џиновиќ се разведоа по 22 години заеднички живот во кој добија две деца, синот Кан и ќерката Џина. Во меѓувреме, Мелина се исели од луксузната вила на Сењак, а пејачот по разводот остана со децата да живее во неа.

Српски медиуми: Харис Џиновиќ има 15 години помлада партнерка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот