ВИДЕО | Дејвид Бекам ужива во новото хоби: Покажа со кого го поминува слободното време

Дејвид Бекам / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Дејвид Бекам на своите следбеници на социјалните мрежи им откри како ужива во новото хоби. Поранешниот фудбалер стана фармер и меѓу другото се грижи за неколку кокошки.

Имено, тој сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледаат кокошките во неговата градина. Видеото насмеа многу обожаватели бидејќи додека поранешниот фудбалер се шеташе низ дворот во бела кошула, кокошките и петелот постојано го следеа.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“; „Колку се убави“; „Ми се допаѓа како го следат нивниот лидер“, биле дел од коментарите.

Познато е дека Бекам и неговото семејство почнале да одгледуваат органска храна за време на пандемијата на корона вирусот. Потоа покажа дека произведуваат мед, имаат овци и голема штала.

ФОТО | Викторија Бекам направи легендарна роденденска забава: Дејвид ја изнесе од клубот на грб, Том Круз му помагаше на фотограф кој падна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот