ФОТО | Викторија Бекам направи легендарна роденденска забава: Дејвид ја изнесе од клубот на грб, Том Круз му помагаше на фотограф кој падна

Фото: Profimedia

Модната дизајнерка Викторија Бекам го прослави својот 50. роденден на 17 април, а во саботата направи голема роденденска забава во луксузниот приватен клуб „Освалдс“ во елитната населба Мејфер во Лондон.

Иако при влегувањето во клубот делувала малку скршено, таа блеснала во полупроѕирен фустан без ракави во зелена боја. Оваа спектакуларна креација ја искомбинирала со сребрени и златни нараквици на секој зглоб и ја обликувала својата долга кафена коса во брановидна форма.

Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia
Славеничката со сопругот Дејвид Бекам и ќерката Харпер / Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Таа пристигна во клубот со целото нејзино семејство – сопругот Дејвид Бекам, синовите Бруклин (25), Ромео (21) и Круз (19) и 12-годишната ќерка Харпер.

Мажите од ова популарно семејство биле свечено облечени, но Круз особено се истакнал во бел смокинг. Харпер, пак, изгледала софистицирано во бел сатенски фустан.

„Едвај чекам да славам со моите пријатели и семејството! Многу ве сакам сите“, напиша Викторија покрај сликите.

Дејвид Бекам со синовите / Фото: Justin Goff / Goff Photos / Profimedia

На забавата присуствуваа поранешните членки на музичката група „Спајс грлс“, каде членуваше и самата Викторија – Ема Бантон, Мел Си, Мел Би и Гери Халивел. Исто така, меѓу славните ѕвезди беа и Ева Лонгорија, Гордон Ремзи, Том Круз и многу други.

Ема Бантон и Мел Си / Фото: TOT / Goff Photos / Profimedia
Мел Би со придружба / Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia
Гери Халивел / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Ева Лонгорија / Фото: Chris_James / Pacific coast news / Profimedia
Гордон и Тана Ремзи / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Рози Хантингтон-Вајтли и Џејсон Статам / Фото: Chris_James / Pacific coast news / Profimedia

Еден од впечатливите моменти бил кога Круз, како вистински џентлмен со манири, му помогнал на еден од папарацо фотографите, кој паднал додека се обидувал да ги фотографите познатите гости на забавата.

Фото: Chris_James / Pacific coast news / Profimedia

Во три и пол часот наутро, Дејвид ја изнел Викторија на грб од клубот и оставиле впечаток дека навистина се забавувале во текот на ноќта.

Фото: Ed / Pacific coast news / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот