Српски медиуми: Харис Џиновиќ има 15 години помлада партнерка?

Фото: Инстаграм/„Хамел“/Харис Џиновиќ

Босанскиот пејач Харис Џиновиќ (72) неодамна службено се раздели од сопругата Мелина Џиновиќ (43), а како што пишуваат српските медиуми – сега ужива во нова романса.

Жената која, наводно, му го украла срцето е 15 години помлада од него.

„Разводот му беше многу потежок на Харис отколку на Мелина, а тоа стана јасно со секоја негова изјава. Едноставно, тој не можеше да сфати дека се разведуваат после сите овие години. Долго време се обидуваше да ја спаси таа врска, дури две години пред официјално да се разделат. Стана неподносливо да се слуша колку е повреден откако се појавија тврдењата дека Мелина е во врска со белградски бизнисмен. Се откажавме од секоја шанса тој некогаш да го преболи распадот на својот брак. Но, два месеци по разводот, спонтано стапил во контакт со жена која ја познавал одамна и влегле во романса по неколку средби“, тврди изворот и открива дека новата избраничка на пејачот наводно личи на Мелина, пишува „Блиц“.

„Иако му се допаѓа друштвото на таа жена, не сака таа да избрзува и развива емоции. Убаво им е, поминуваат неколку часа дневно заедно и уживаат еден со друг надвор од неговиот семеен дом. Освен што разводот со Мелина го смета за одлична лекција, тој во никој случај не сака неговите деца да бидат информирани за тоа, со оглед на тоа што тукушто започнал врска“, додал извор за српските медиуми.

Неодамна пејачот за локалните медиуми откри дека е подготвен во неговиот живот да влезе нова љубов.

„Сега сум слободен човек. Емотивно достапен. Јас сум импресиониран од убави и паметни жени, ги нема премногу! Таа мора да е нормална. Таа мора да има совест, толеранција, да биде вредна. Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став“, рече Џиновиќ.

Да потсетиме, Харис и Мелина Џиновиќ беа во 12-годишен брак, а заедно имаат две деца – ќерката Џина и синот Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот