Хари им наредил на новите колеги: Не сакам да ме нарекувате принц!

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Принцот Хари пред неколку дена и соопшти на јавноста дека се вработил во компанијата за животен тренинг и ментално здравје „BetterUp Inc.“. Откако тој доби една од раководечките позиции, пред колегите веднаш поставил ново правило.

Хари инсистира во новиот корпоративен свет, во кој штотуку зачекори, да не го нарекуваат со титулата принц и дека сака да биде „само еден од колегите и дел од тимот“, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Профимедиа

„Тој преферира во деловното опкружување да заборавиме на неговото минато и потекло. Веќе некое време е со нас, соработуваме многу добро и сме вистински партнери“, изјавил еден од соработниците на Хари.

Да се потсетиме, принцот Хари своите причини за придружувањето кон „BetterUp“ ги објасни во блогот на компанијата, изјавувајќи дека ги препознал „задничките страсти“ за помагање на луѓето.

„Тоа што ми привлече внимание кај „BetterUp“ е тоа што мисијата на компанијата да го открие потенцијалот кај луѓето бара иновации, влијание и интегритет. Нивниот тим веќе со години ја обавува таа работа“, изјави Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот