Принцот Хари се вработи: Директор, но нема да шефува

принц хари мемоари
Принц Хари / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Принцот Хари доби нов ангажман, тој стана директор на еден стартап од Силиконската долина. Војводата од Сасекс стана CIO (Chief Impact Officer), во „BetterUp Inc.“, брзорастечката компанија која се занимава со обука за животните вештини и менталното здравје.

Во последно време, Хари својата слава доста добро ја искористии со цел да влезе во некои профитабилни бизниси, а сега вели дека „има намера да помогне во создавањето на влијаение врз човековите животи, со цел да му се помогне на секого“. Тој одговорил толку кратко во мејлот, во кој бил прашан зошто одлучил да се нафати да го работи ова.

Фото: Профимедиа

„Проактивниот тренинг овозможува бескрајни можности за личниот развој, зголемена свест и целосно подобар живот“, додаде тој. Се очекува дека принцот Хари на новата позиција ќе го даде својот придонес преку иницијативи, вклучувајќи ги и одлуките за стратегија на производите и добротворните прилози, и јавно ќе заговара теми поврзани за менталното здравје, пишува WSJ.


Од Хари на неговото ново работно место ќе се очекува тој најмногу да го употреби своето јавно влијание.

Кога станува збор за новиот ангажман на британскиот принц, не се изнесени детални податоци за самиот договор и неговата заработка. Познато е само дека Хари нема да им шефува на вработените, ниту пак ќе има директни извештаи, но веројатно ќе поминува одреден период во седиштето на компанијата во Сан Франциско, кога тоа ќе биде безбедно.

Принцот своите причини за придружување на „BetterUp“ ги дообјасни во објавата на блогот на компанијата, изјавувајќи дека ја препознава „заедничката страст“ за помагање на луѓето.


„Тоа што ми привлече внимание кај „BetterUp“ е тоа што мисијата на компанијата да го открие потенцијалот кај луѓето бара иновации, влијание и интегритет. Нивниот тим веќе со години ја обавува таа работа“, изјави Хари.

Хари исто така додаде дека и тој лично имал корист од тренерот од „BetterUp“ кој работел со него.

Instagram

„Лично сметам дека соработката со „BetterUp“ тренерот е непроценлива. Поврзан сум со навистина одличен тренер кој ми даде добри совети и нова перспектива во животот“, изјави Хари во блогот.

Исто така, тој ќе треба да биде присутен на состаноците и да учествува на настаните кои ќе ги организира компанијата „BetterUp Inc“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот