Халеп елиминирана од полското „чудо“ на Ролан Гарос! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција ја декласираше првата носителка Симона Халеп со 6:1 и 6:2 за еден час и осум минути игра во четвртото коло на грен слем турнирот во Париз, Франција.

Романката можеби беше и најголем фаворитка за титулата годинава, имаше 17 победи по ред, а лани на „Ролан Гарос“ загуби само еден гем против Швјонтек.

Но, 19-годишната натпреварувачка од Полска денеска одигра одличен меч, со нејзиниот „форхенд“ го диктираше темпото, скоро на сè имаше одговор и го обезбеди своето прво грен слем четвртфинале во кариерата.

До сега на турнирот Швјонтек ги совлада уште Вондрушова, Хсије и Бушар, а само во еден сет загуби повеќе од три гема, од Хсије (четири).

За пласман во полуфиналето ќе игра против Италијанката Мартина Тревисан која исто така направи изненадување елимирајќи ја осмата носителка Кики Бертенс од Хоандија со 6:4 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот