Гугл / Фото EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Гугл планира да инвестира дури 80 милијарди долари во проширување на алатките за вештачка интелигенција

Американскиот технолошки гигант „Алфабет“, матичната компанија на Гугл, објави дека планира да собере дури 80 милијарди долари преку емисија на акции за да го финансира масовното градење на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ). Во официјалното соопштение на компанијата се наведува дека собраните средства ќе се користат за „општи корпоративни цели, вклучувајќи капитални расходи за проширување на инфраструктурата за вештачка интелигенција и глобалниот компјутерски капацитет“.

Значаен дел од овој финансиски пакет ќе се реализира преку приватно пласирање вредно 10 милијарди долари, објавува „Tech Crunch“. Купувач на овие акции е глобалната холдинг компанија „Беркшир Хатавеј“, која со децении ја водеше легендарниот инвеститор Ворен Бафет, а која сега оперативно ја води неговиот наследник Грег Абел.

„Компанијата бележи силна побарувачка од компаниите и потрошувачите за своите решенија и услуги за вештачка интелигенција, на ниво кое ја надминува моменталната понуда“, се вели во соопштението на Алфабет.

На минатомесечната конференција Гугл I/O, извршниот директор Сундар Пичаи рече дека компанијата очекува да потроши помеѓу 180 и 190 милијарди долари за капитални расходи до крајот на годината.

ВИДЕО | „Гугл“ ги претстави напреднатиот модел „Џемини“ и новиот „Омни“, во обид да одговори на сè посилната конкуренција во вештачката интелигенција

„Беркшир Хатавеј“ почна агресивно да купува акции на „Епл“ пред девет години, што се покажа како една од нивните најпрофитабилни инвестиции во историјата.В легувањето во „Алфабет“ со 10 милијарди долари е логично продолжение на таа стратегија, бидејќи инвестира во технолошкиот гигант во време кога има јасен план за понатамошен масовен раст, објавија медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот