Грција ќе бара пари од пазарите на капитал со нова 7 годишна обврзница

Грчките власти задолжени за управување со јавниот долг со новото задолжување планираат во буџетот да инјектираат од 4 до 8 милијарди евра.

Со цел да се спротистави на кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот што најсилно ги погоди економиите на земјите, грчката Влада им нареди на банките да издадат нова седумгодишна обврзница. Со овој потег Атина има намера да го зајакне буџетот и да се справи со неизвесноста која следува во наредниот период.

Земјата на 28 јануари издаде нова 15 – годишна обврзница со каматна стапка од 1.875 проценти. При овој обид понудите беа околу 18,8 милијарди евра, а државата успеа да собере неверојатни 2.5 милијарди евра.

Грчките власти задолжени за управување со јавниот долг со новото задолжување планираат во буџетот да инјектираат од 4 до 8 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот