Апостолос Везиропулос/Фото: Скаи

Грчки политичар почина од срцев удар на плажа на Халкидики

Грчкиот политичар и поранешен пратеник Апостолос Везиропулос ја загуби битката за живот, откако доживеа срцев удар додека беше на плажа во Ситонија, Халкидики, во четврток попладне, објави грчката телевизија Скај.

Според информациите, поранешниот заменик-министер за финансии и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија се чувствувал лошо додека бил во бар на плажа на плажата Калогрија, во Ситонија, на Халкидики.

Веднаш била повикана итна помош, која го пренела во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, а лекарите и спасувачите се бореле да го вратат во живот.

Тој бил префрлен во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде за жал била констатирана смрт.

Апостолос Везиропулос имаше 59 години, роден е на 29 мај 1966 година.

Европратеникот од ПАСОК, Никос Папандреу, и портпаролот на СИРИЗА, Костас Захаријадес, изразија сочувство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот