Ѓорѓиев: Одигравме подобро отколку со БиХ, но недоволно за победа
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Турција во квалификациите за ЕП, но капитенот Никола Ѓорѓиев смета дека противникот не е нерешлива енигма.
Одбојкарите вечерва загубија со 1:3, а капитенот смета дека на вториот квалификациски турнир, тој е неговите колеги од репрезентацијата ќе одиграат подобро отколку вечерва.
– Одигравме дифинитивно подобро отколку против БиХ, но недоволно за победа. Одигравме доволно за еден сет, барем го вративме загубениот со БиХ, можеве и подобро но ништо не е загубено. Имаме уште два натпревари, момците го знаат влогот, а јас лично очекувам од ден во ден и натпревар по натпревар да растеме како екипа. Очекувам победа против БиХ, по што ќе ни слени нова борба со Турција. Турција е силен тим, има голем потенцијал, но мислам дека не е непобедлива. Посакувам да почнеме добро, тогаш ќе имаме стабилност и ќе носиме правилни одлуки на теренот – вели капитенот Ѓорѓиев.