ФОТО | Доктор Горан го предизвика Бомбакис: Многу важна порака испишана на парче картон!
Дали го знаете инфлуенсерот Кристијан Станковски? Момчето со темни очила и брада попознат како Бомбакис кој на своите фотографии од социјалните мрежи во рацете држи парче картон на кое секогаш е испишана некоја кратка, но забавна или поучна порака.
View this post on Instagram
Овој пат на профилот на Бомбакис се појави фотографија со нова порака, но парчето картон овој пат не е во рацете на Кристијан туку во рацете на нашиот најпознат доктор – инфлуенсер.
View this post on Instagram
Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделува со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан повторни го привлече нашето внимание, а притоа успеа и добро да не насмее.
View this post on Instagram
Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на „Инстаграм“ дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија, овој пат својот „медицински извештај“ го напиша на парче картон, со „докторки ракопис“.
View this post on Instagram
Инспириран од својот колега – инфлуенсер доктор Горан напиша нешто многу важно. Што пишува на парчето картон, ќе оставиме некое медицинско лице да дешифрира или таа задача ќе ја препуштиме на Бомбакис.
View this post on Instagram
Со оваа фотографија покрај тоа д-р Трајковски го предизвика Бомбакис, не врати во времето кога медицинските извештаи се пишуваа рачно и беше навистина тешко да се прочита што пишува на нив.