Ѓоковиќ во осминафиналето на „Вимблдон“ (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ во осминафиналето на „Вимблдон“ (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Вимблдон“, откако денеска во третото коло го елиминираше Полјакот Хуркач.

Ѓоковиќ, првиот светски рекет, на теренот во Лондон го совлада Хуберт Хуркач со резултат 3:1 по сетови 7:5, 6:7 (5), 6:1 и 6:4. Србинот до втората победа во исто толку дуели со Хуркач дојде после точно три часа игра.

Популарниот Ноле во наредната фаза ќе ги одмери силите против подобриот од пресметката Феликс Ожер-Алијасим (Канада) и Иго Умбер (Франција).

Кај мажите победи остварија уште Раониќ, Пер, Баутиста, Пела, Гофан, а Вердаско беше подобар од Фабиано со 6:4, 7:6 (1) и 6:4.

Во женска конкуренција пораз доживеа Возњацки од кинеската претставничка Женс со 6:4 и 6:2. Успешни беа Свитолина, Плишкова, Јастремска, Мухова, Мартиќ, а Халеп славеше над Азаренка убедливо со 6:3 и 6:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close