Ѓоковиќ и останатите тенисери му дадоа поддршка на својот колега кој влезе во „војна на зборови“ со првиот човек на АТП

Новак Ѓоковиќ подготвен во Њујорк да го освои „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

На Мастерстот во Мајами, канадскиот тенисер Васек Поспишил направи скандал на теренот кога го критикуваше првиот човек на АТП, Андреа Гауденци, а потоа влезе во расправија со судијата и намерно губеше поени.

Потоа Поспишил откри дека бил навредуван од Гауденци.
– Што се случува со мене? Вчера претседателот на АТП еден и пол час ми се дереше за време на состанокот. Еден и пол час – изјави Поспишил.

Во одбрана на канадскиот тенисер застана Новак Ѓоковиќ.
„Се случуваат разни работи, но јас моментно не сум во Мајами. Сепак, Васек Поспишил ми е добар пријател и сочувствувам со него. Играчите на АТП ќе се согласат со мене дека тој е личност со голем интергритет и кој се грижи за доброто на своите колеги тенисери“, напиша Ѓоковиќ.

Позадината на целата приказна е многу подлабока и не станува збор за состанокот или вербалните напади, туку нападите и уцените со кои се соочуваат одредени тенисери.
Токму Ѓоковиќ и Поспишил за време на минатогодинешниот УС Опен ја формираа Унијата на професионални тенисери (ПТПА) и со тоа ги влошија одностите со АТП и нејзиниот прв човек Андреа Гауденци. Целта на ПТПА е да се „поправи економската структура на тенисот“ со цел да помогне на послаборангираните тенисери кои заработуваат далеку помалку.

 

По поддршката која ја доби од Ѓоковиќ, Поспишил почна да добива поддршка и од останатите тенисери.
„Заедништвото помеѓу тенисерите сега е потревно од било кога. Гласовите мора да се слушнат, да се почитуваат и да се прифатат. Не се обидувајте да ги замолчите, туку работете со нив“, напиша најдобриот канадски тенисер, Милош Раонич.

И Рајан Херисон застана во одбрана на Поспишил.
– Поспишил е одлична личност со големо срце. Помина многу часови и имаше многу главоболки за доброто на сите тенисери. Стресотт е нешто што го носите со себе на теренот и понекогаш тој е посилен од вас. Време е да се слушне гласот на тенисерите“, напиша Херисон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот