Ѓоковиќ без проблеми против Кудла (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ без проблеми против Кудла (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ со резултат 3:0 по сетови 6:3, 6:2 и 6:2 денеска на грен слем турнирот „Вимблдон“ го елиминираше Денис Кудла.

Американецот Кудла немаше сили против Ѓоковиќ да ја продолжи серијата на изненадувања кои ги красат овие први денови на терените во Лондон.

Србинот со фуриозна игра дојде до триумфот искористувајќи ја својата четврта меч топка. За него ова беше вкупно 67 победа на „Вимблдон“.

Во наредното трето коло првиот светски рекет ќе ги одмери силите против полскиот натпреварувач Хуркач.

Претходно Вавринка претрпе пораз од Опелка, а победи во машка конкуренција забележаа уште Андерсон, Алјасим, Умбер, Пела, Хачанов и Вердаско.

Кај жените успешни беа Јастремска, Женг, Мартиќ, Возњацки, а Романката Халеп со 2:1 (6:3, 4:6, 6:2) ја елиминираше својата сонародничка Бузарнеску.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close