„Вимблдон“ продолжува без Вавринка (ВИДЕО)

twitter.com/ATP_Tour

Вавринка загуби од Американецот со резултат 7:5, 3:6, 4:6, 6:4, 8:6 после 3 часа и 16 минути игра на теренот во Лондон.

На тој начин продолжуваат изненадувањата на грен слем турнирот, претходно Стефанос Циципас и Александар Зверев испаднаа уште во првото коло.

Опелка обезбеди пласман во третото коло каде што ќе ги одмери силите против победникот од мечот Робин Хасе – Милош Раониќ.

На останатите дуели во машка конкуренција денеска успешни до сега беа уште Весели, Медведев, Гофан, Хуркач, а при негатива од 7:6 (5) и 6:4 Кецмановиќ го предаде мечот со Пер.

Кај жените славеа Сакари, Свитолина, Мухова, Хсие, Плишкова, Контавејт, Голубиќ, а Азаренка убедливо со 6:2 и 6:0 ја елиминираше Томљановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот