14 C
Скопје

Гледај.мк: Објавен повик за работилници за филмска критика

Гледај.мк, во соработка со Europe House Skopje, организира две викенд работилници за филмска критика (17-18 април и 15-16 мај, 2021 година). Работилниците ќе се одвиваат под водство на менторите Васко Маглешов и Јована Ѓорѓиовска.

Освен учество на двете дводневни викенд работилници во април и мај, младите рецензенти континуирано ќе се охрабруваат да ги развиваат своите вештини за креативно пишување и критичко мислење преку работа и објава на најмалку две филмски рецензии помеѓу двете викенд работилници. По завршувањето на работилниците, сите учесници ќе добијат можност за дополнително менторирање и редовно објавување на рецензиите на gledaj.mkc.mk и во партнерските медиуми.

Работилниците се наменети за млади луѓе (помеѓу 16 и 29 години) кои живеат/престојуваат во Скопје. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за учество на работилниците може да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк: https://forms.gle/kNSpKLgCiiN3JEVJ6

Прочитајте и...  Дел од Радишани без вода

Крајниот рок за пријавување на повикот е 9 април (петок), 23.59 часот. Логистички детали за одржувањето на работилниците, како и детална агенда, ќе бидат споделени со избраните учесници на работилниците во вторник (13 април).

** Работилниците ќе се одржуваат во согласност со сите протоколи за заштита од ковид-19, во просториите на Europe House Skopje и/или во хибриден формат преку дигитални алатки за комуникација, во зависност од епидемиолошката состојба.

Гледај.мк е неформален колектив за филмска и театарска критика кој веќе три години активно поддржува млади рецензенти кои континуирано се едуцираат за културата и аргументирано се изразуваат за остварувањата кои ги гледаат. За сите посетени настани, рецензентите редовно објавуваат рецензии охрабрувајќи ја дискусијата помеѓу уметниците како создаватели на делата и публиката како нивен активен и информиран гледач.

Поврзани вести

Меркел бара дијалогот со Русија да продолжи

Слободен печат

Израел и Велика Британија размислуваат за „зелен коридор за патување”

Слободен печат

Во Велес вчера немало нов ковид-случај, денеска регистрирани 36 позитивни

Слободен печат

Шпанската полиција разби кинеска банда која продавала канабис низ цела Европа

Слободен печат

При извршен вонреден инспекциски надзор во Собранието не се констатирани неправилности

Слободен печат

Чесите бараат од партнерите во ЕУ и НАТО да ги протераат руските дипломати

Слободен печат

Остави Коментар